Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Десетмина приведени во полициска контролна акција во Тетово

Во периодот од 23.20 часот на 10.10 до 00.30 часот на 11.10.2020, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на ул.„Борче Кочовски“ во Тетово, сопственост на П.Д.(23) од Тетово.

Притоа, во објектот на една маса, со сопственикот биле затекнати уште девет лица, од кои пет малолетници, кои биле послужени со алкохолни пијалаци. Во присуство на Јавен обвинител, инспектор за малолетници и социјален работник биле извршени прегледи на сопственикот П.Д. и на М.М.(20), Д.Д.(18), А.Т.(21), С.Ј.(25) и пет малолетнички на возраст од 16 години, сите од Тетово, при што кај сопственикот била пронајдена прашкаста материја. Во координација со Јавен обвинител сите 10 лица биле лишени од слобода, а биле известени и родителите-старателите на малолетничките.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК