Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во светиниколско – Прегазена жена на возраст од 45 години, почина на лице место

На 09.10.2020 во 06.27 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат во с.Кадрифаково, светиниколско, патничко возило „форд фокус“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(43) од с.Ерџелија, светиниколско, удрило во пешакот С.П.(45) од с.Кадрифаково.

Во незгодата, С.П. се здобила со повреди и починала на местото на незгодата. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Свети Николе во координација со Јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК

Инцидент во Скопје: Малолетник ограбен од две лица

ДЕСК