Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
На средбата се разговарало за сегашните и идни процеси поврзани со областите за кои е надлежно Министерството за труд и социјална политика, а кои Обединетото Кралство силно ги поддржува.
„Деинституализацијата и децентрализацијата се два значајни процеса кои ги започнавме во нашата држава, а кои водат кон унапредување на правата на лицата со попреченост, вадење на лицата од институциите и сместување во мали групни домови, а потоа и згрижувачки семјства, добивање квалитетни социјални услуги на локално ниво на оние на кои им се најпотребни, ранливите категории на граѓани“, истакнала Шахпаска.
Амбасадорката Галовеј ја истакнала целокупната заложба на Обединетото Кралство за поддршка и подобрување на политиките и праксите на социјална кохезија во нашето општество.
Во таа насока, рекла дека силно го поддржува и го охрабрува процесот на деинституционализација кој е започнат во рамките на министерството, зајакнување на капацитетите на Министерството во спроведување на политиките и програмите за еднакви можности и недискриминација .
Двете соговорнички изразиле подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателство меѓу двете држави и институционална соработка и продолжување на тековните и идни заеднички проекти.