Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Рамчиловиќ до Пепиќ: Бошњаците со нивниот глас на 15. јули ви покажаа каде ви е местото на вас и вашиот партнер ВМРО-ДПМНЕ

Зеќир Рамчиловиќ, екс потпретседателот на Собранието, реагираше по повод изјавата на Авдија Пепиќ кој рече дека тезата “едно општество за сите” важи само за избори и изборна кампања кога на СДСМ му се потребни гласовите на Бошњаците.

„Лицемерно е вие господине Пепиќ да кажувате дека е скандалозно што во составот на заменици министри нема ниту еден претставник од Бошњаците. Вие во три мандата бевте на власт, веројатно поради личниот интерес никогаш не се изборивте за бошњак во Влада, а ВМРО ДПМНЕ никогаш во својот владин состав немаше ниту еден Бошњак.

Горд сум што изминатиот мандат во соработка со СДСМ имавме Заменик министер и технички министер во Владата од бошњачката заедница, а за првпат ова парламентарно мнозинство изгласа и потпретседател на Собранието од помалкубројните заедници и тоа Бошњак, а и во понатамошниот период Бошњаците ќе бидат соодветно застапени за разлика од времето кога вие бевте пратеник.

Бошњаците со нивниот глас на 15 јули ви се заблагодарија за вашата грижа и јасно ви порачаа каде ви е местото на вас како политичар и на вашиот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ“, напиша Рамчиловиќ.

Можеби ќе ве интересира

145 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ ЗА НЕПРОПИСНО ПРЕСТИГНУВАЊЕ – Полицијата открила уште 271 сообраќаен прекршок

ДЕСК

20 ГОДИНИ АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ – Денеска свеченост со претставници на правосудството и ЕУ

ДЕСК

35 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ УСТАВ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА – На 17 ноември 1991 година беа поставени темелите на државното уредување

ДЕСК