Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Тетово меѓу три возила, седуммина повредени

Во сообраќајна несреќа помеѓу три возила што се случи синоќа на бул. Илинденска во Тетово повредени се седум лица, меѓу кои потешко е повредена 16-годишна малолетничка од Тетово.

Таа со тешки телесни повреди била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Останатите учесници во незгодата се здобиле со телесни повреди и им била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК