3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата се грижи за лозарите

Владата предводена од СДСМ, низ партнерски однос презема конкретни мерки да им помогне на лозарите, за да се ублажат последиците од коронакризата врз производството на грозје и винската индустрија, велат од партијата.

„Дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје, наменето за преработка во вински дестилат и гроздов сок ќе се обезбедат од средствата од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со коронавирусот. За винските сорти вранец и смедервка остануваат претходно договорените 2 денари субвенции за килограм, кои ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања, како и 2 денари субвенција за откупено грозје. Овие средства ќе им бидат исплатени на лозарите до крајот на оваа година преку Програмата за справување со кризата со коронавирусот“, велат од СДСМ.

Дополнително, велат од СДСМ, останува супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино, и 30 проценти супституција за флашираното вино

„Владата предводена од СДСМ, во изминатите 3 години покажа вистинска грижа за лозарите, со решавање на наследениот хаос во овој сектор, со исплата на заостанатите субвенции, редовно и неселективно плаќање на субвенциите, а го реши и долгогодишниот проблем со исплатата на предадено, а неисплатено грозје на винариите „Стефани“ и „Повардарие“ со што 1,2 милиони евра завршија кај над 2.600 лозари. Продолжуваме посветено да работиме уште повеќе за поквалитетно земјоделско производство. Како одговорна партија СДСМ презема чекори и мерки во интерес на лозарите и креира политики, кои го унапредуваат земјоделството и го подобруваат стандардот на земјоделците“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: