Centar.mk
БИЗНИС

Соопштение на рудникот САСА за денешниот дефект

Денеска, околу шест часот, се случил дефект на насипот на јаловиштето број 4 на рудникот Саса, предизвикувајќи краткотрајно истекување на јаловишни води во локалниот речен тек. Набргу по дефектот истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана.

Професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнаа детална истрага за да ги утврдат причините за инцидентот.

Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина.

Дополнително, постапувајќи согласно одредбите од Законот за заштита на животната средина и правилата од А-интегрираната еколошка дозвола, за настанот се известени и сите надлежни институции на државно и локално ниво.

Можеби ќе ве интересира

Владата на предлог на МЕТ, донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците

ДЕСК

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови локални бизниси

ДЕСК

Царинска управа: Годинава за 11 милиони евра зголемена наплатата од увоз на тутун, во акции спречени осум обиди за шверц

ДЕСК