Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Граѓанското општество ќе биде партнер во реформите во правосудството

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, се сретна со претставници на повеќе граѓански организации кои се дел од Блупринт-групата за реформи во правосудството.

Со Блупринт-групата која ја следи Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, министерот Маричиќ дискутираше на повеќе актуелни теми, како подготовките за почетокот на преговорите со Европската Унија, како и најжешките реформи во ресорот правда.

Министерот Бојан Маричиќ истакна дека Министерството за правда има отворени врати за соработка и дека граѓанското општество ќе биде вклучено во повеќе процеси во ресорот правда.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +