Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Македонија: 14-годишник се удави во реката Брегалница

Трагедија се случила вчера во Македонија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се удавило малолетно момче во реката Брегалница.

-Во 16:13 часот било пријавено дека кај мост во село Истибања-Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14-годишник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил. На местото на настанот било излезено од полициски службеници од Полициската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21:30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт. По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството – информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

НОВА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: Царинските управи подготвуваат меморандум

ДЕСК

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК