Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка со автобус во Скопје

Триесет и тригодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на бул. Александар Македонски во Скопје.

Според информациите на МВР, сообраќајката се случила помеѓу мотоцикл „јамаха“ со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од Т.В.(33) од Пробиштип, и автобус „санос“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.П.(54) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК