12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема за леб, а Заев ја поскапува струјата

Државата е во рецесија, народот нема за леб, а Заев ја поскапува струјата за да има за негов џеб, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се наведува СДСМ ја одвеле државата во рецесија, а неспособноста на власта предизвикала пад од 12.7% на БДП во вториот квартал во 2020 година. Пад бележат и индустријата, и увозот и извозот, а невработеноста е зголемена за 40.000 лица, граѓани кои ги изгубиле своите работни места.

„Рецесијата се очекува да продолжи и во третиот квартал. Како што пишува реномираната Фајнанс тинк третиот квартал ќе го завршиме со минус 4.7%, а во негатива ќе биде и целата година, која ќе ја завршиме со 3.8% пад. Тоа значи нови потреси, нови отпуштања од работа и многу нови семејства кои ќе се соочат со егзистенцијални проблеми. Во услови кога неколку десетици илјади се борат за гола егзистенција, а 100.000 граѓани живеат со по под 50 денари на ден владата на Заев ја поскапува струјата.

Така поскапената струја оди за профит, кој преку универзалниот снабдувач завршува во тендери за обезбедување на имот и лица кои ги добива струмичка агенција за обезбедување, додека другиот дел завршува во РЕК, каде преку услуги за транспорт и ископ струмички камиони и машини вршат работи, кои сам РЕК може да ги заврши доколку власта смогне сили да ги пресече бизнис каналите и набави опрема и механизација, наместо да плаќа поскапо на приватни фирми.
Владата буквално зема од народот за да може Заев да стави во џеб.

Македонија со СДСМ тоне секој ден. Владата, криминалот и мафијата во Македонија се едно исто. Колку повеќе остане Заев, толку полошо за Македонија. Оваа влада мора да падне“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија ја потресе попладнево Македонија: Загина едно лице, 18 годишно момче е тешко повредено при директен судир на две возила

ДЕСК

Синоптичарите со нови најави, следува пад на температурите – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Митовски: Ќе ставиме крај на дивите депонии во Јурумлери, на нивно место ќе никнат паркови и игралишта

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.