17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение против чаирчанецот кој испука осум куршуми кон станот на соседите

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 33-годишник од Чаир кој минатиот месец со пиштол пукаше кон станот на своите соседи.

Тој се товари дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност.

Имено, обвинетиот на 24 јуни предизвикал опасност за животот и телото на тројца оштетени.

Додека оштетените седеле во стан на улицата Никола Грчето во Чаир, нивниот 33-годишен сосед дошол на вратата и почнал да тропа, обидувајќи се насилно да влезе.

Во обидот не успеал, бидејќи вратата била заклучена, па почнал да им се заканува.

Потоа се симнал во дворот позади зградата и од таму почнал со пиштол да пука кон прозорците и фасадата на станот на оштетените. Од пиштолот од непозната марка испукал осум куршуми со калибар 6,35 милиметри.

За да не бидат повредени, оштетените се скриле во спалната соба и настанот го пријавиле во полиција.

Ценејќи дека и натаму постојат законски основи поради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на притворот.​