6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кочанчанец тешко повреден со пиштол поради расправија за наводнување нива

Во вечерните часови на 30 јули во Кочани бил усапсен 70-годишниот А.Д., кој со огнено оружје тешко повредил свој соселанец поради расправија за наводнување нива.

Полицијата претходно добила пријава од Итната медицинска помош од Кочани дека околу 19:00 часот, на местото викано Горно Подлошко, во атарот на кочанското село Тркање, по расправија околу наводнување нива, 70-годишникот со пиштол пукал кон 49-годишен соселанец.

Повредениот во болницата објаснил дека бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат. Тој се здобил со тешки повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани.

При апсењето, полицајците од А.Д. одзеле пиштол „застава М70“ калибар 7,65 милиметри, празна рамка, куршум и лопата.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од полициската станица Кочани, од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Рацин.мк: Горан Марковски должи одговор на прашањето каква е неговата поврзаност со фирмата ДИПКО

C +

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

C +

Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

C +