Centar.mk
БИЗНИС

УЈП откри голема измама правена од фирми за време на ковид кризата – еве за што се работи

Фирми зеле пари од државата преку мерката за плати на работниците, но не им ја исплатиле на вработените.

Работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и од други градови, откако аплицирале и ја зеле фиансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените, парите никогаш не легнале на сметките на работниците.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска на прес-конференција ги соопшти податоците од реализацијата на мерката во април, мај и јуни, и апелираше до работодавачите кои ја добиле финансиската поддршка, а не ја исплатиле кон работниците тоа да го сторат пред јавно да бидат објавени.

-Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени, истакна Лукаревска.

Таа појасни дека рокот за исплата е поминат, но сепак ова законско право треба да го остварат работниците.

Појасни дека доколку не се постапи и по овој апел, веќе се во координација со Државниот инспекторат за труд за да се преземат мерки согласно закон, кој предвидува присилна наплата, глоби и враќање на средствата назад.

Можеби ќе ве интересира

Европските берзи во пад, нафтата се искачи на речиси 98 долари

C +

Со нов визуелен идентитет и филозофијата „Unlock Interesting“, Diners Club International отклучува нова ера на соработки

ДЕСК

Вицегувернерката Митреска на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена: За побрз и поодржлив раст се потребни повисока продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

ДЕСК