Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ бара поништување на изборите и оставки од ДИК

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ќе поднесе Барање за поништување на изборите и оставка од членовите на ДИК.

Повеќе детали најавија за попладнево кога ќе го поднесат барањето.

По изборниот процес, Јанко Бачев истакна дека името на нивната коалиција „Никогаш Северна – само Македонија“ било тргнато од гласачките ливчиња и наместо тоа, останал само редниот број 11. Тие се сомневаат оти името било отстрането по реакција од страна на грчката амбасада непосредно пред почетокот на изборниот ден.

Инаку, до 19 часот и 30 минути вечерва може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК