Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жител на Тетовско загина во сообраќајна несреќа на патот Палатица – Желино

Триесет и тригодишен жител на село Палатица, Тетовско, загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Палатица – Желино.

Според информациите на МВР, несреќата се случила синоќа околу 23 часот помеѓу автомобил „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33), двајцата од село Палатица.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК