9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Малолетен мигрант пронајден во багажник на автомобил во Неготино

Малолетен мигрант бил пронајден во багажник на автомобил во Неготино. Возачот на возилото и другите мигранти кои биле во него избегале.

Според информациите на МВР, вчера во 12:30 часот кај тунелите на патот Удово – Демир Капија било забележано возило „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти.

Подоцна возилото било пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец“ во Неготино.

Еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале. На местото на настанот бил извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото било однесено во депото во Кавадарци.

Пронајдениот мигрант бил задржан во прифатниот центар во Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: