Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија.

Тој се движел во група сочинета од 8 планинари на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце, но се оддалечил од групата и залутал поради густата магла.

По пријавувањето на случајот во полицијата, полициски службеници на СВР Тетово и двајца планинари почнале со пребарување на теренот и утрово околу 5.30 часот тој бил пронајден на бачило во месноста Коњушка Река.

Планинарот е без повреди и е во добра здравствена состојба.

Можеби ќе ве интересира

БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ВО ФОКУСОТ – Најавени 123,8 милијарди денари за пензии

ДЕСК

НОВИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК СО ПРЕДЛОГ КАЗНИ ДО 15 ГОДИНИ – Невладините организации со забелешки

ДЕСК

ОСУМ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ПОГОЛЕМА ЗАШТИТА НА ЖЕНИТЕ – Три организации бараат итна институционална реакција

ДЕСК