13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на ТВ Сител со повик до граѓаните: Со седење дома не и помагате на татковината, искористете го правото на глас и дајте го правецот за иднината

Огромен дел од граѓаните знаат за чувството на одговорност што го поседуваат и верувам дека на 15 јули ќе го искористат своето право на глас и дека ќе имаме висока излезност на овие избори, изјави денеска претседателот Зоран Заев во интервју за Телевизија Сител.

„Оној оној кој нема да го искористи својот глас, не и помага на својата татковина, со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим, да се вратат црнилата од кои верувам, конечно сите сме спасени“, порача претседателот Заев.

Тој истакна дека на изборите во среда, на 15 јули, СДСМ и Коалицијата Можеме се најсигурната опција и најголемата гаранција дека државата ќе продолжи на правиот пат, пат на раст на платите и пензиите, економски развој, развој на инфраструктурата.

„Ги повикувам граѓаните, на 15 јули да го искористат своето право на глас, на гласање кое ќе биде безбедно за здравјето да дадат правец и патоказ на државата и потоа заедно да покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро“ заклучи Заев

Спонзорирано: