20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шахпаска: Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за опасност за враќање на режимот

Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за опасност за враќање на режимот, изјави Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3 од СДСМ.

„Од одлуката на секој од нас, зависи во каква земја ќе избереме да живееме и каква иднина ќе избереме за нас, нашите блиски, нашите деца. Дали ќе избереме да продолжат да растат платите или да се полнат џебовите на луѓето на Груевски? Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски? Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија“, рече таа.

Шахпаска ги уверува граѓаните дека гласањето ќе биде безбедно и кажа дека останувањето дома, значи и враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Негласањето, додаде таа, носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно.

„Се докажа и покажа дека со Зоран Заев и СДСМ, одиме напред во сигурна иднина, со ВМРО-ДПМНЕ во опасност. Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски. Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите. А единствената шанса да ја завршиме работата до крај и да донесеме правда, е со нов мандат на Влада предводена од Зоран Заев“, рече Шахпаска.