9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димковски: МЗШВ покажа што значи вистинска грижа за производителите на ориз

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше во Кочани, градот познат по производството на еден од нашите светски познати македонски брендови – оризот.

Димковски имаше средба со производителите на ориз, на која разговараше за повеќе работи поврзани со производството на ориз, како што е обезбедувањето квалитетен семенски материјал и рестартирање на Институтот за ориз во Кочани, кој во моментов се соочува со кадровски и технички недостиг. Исто така, се дискутира и за употребата на заштитни средства и контролата при увозот за што активно е вклучен Државниот инспкеторат за земјоделство.

„Во насока на поддршка и развој на оризопроизводствто, во изминатите три години неколкупати се зголеми и субвенцијата за оризова арпа. Оваа година висината на директните плаќања за ориз изнесува 25.000 денари за хектар, односно 30.000 денари за хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари, максимум до 50 хектари со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал. Оваа година и цената на оризот бележи пораст, односно од 49 денари за килограм лани, годинава откупната цена на белиот ориз е 58 денари за килограм, цената на арпата за 2018 изнесуваше 14 денари за килограм, а за 2019 е 25 денари за килограм“, изјави министерот Димковски.