Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во пешак на „Партизанска“ и побегна

Автомобил удри во 76-годишен пешак на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје и побегна од местото на незгодата.

Со тешки телесни повреди се здобил пешакот В.Т., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Македонија старее: Што ќе се случи кога селата ќе останат без луѓе?

ДЕСК

Ноќна акција кај Градски парк: Во „БМВ“ пронајдена марихуана, возачот нападнал полицаец

ДЕСК

СДСМ го бара Никола Груевски – до каде се документите за екстрадицијата?

ДЕСК