21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги десеткуваме казните за сообраќајни прекршоци

Македонија и граѓаните заслужуваат подобро. Граѓаните очекуваат правда и правичност. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за спроведување систем за превенција, па казнување. Во таа насока ќе следуваат нови модели во работењето на Трудовата и Пазарната инспекција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Казната ќе следува само во случај кога неправилноста не е исправена во конкретен рок и ако таа и натаму се повторува од страна на правното лице. Се обврзуваме на десеткување на казните за сообраќајни прекршоци. Граѓаните мора да се растоварат од големите и драконски казни. На пример, доколку некоја глоба сега изнесува 300 евра, таа ќе се сведе на 30 евра.

Системот на мали, но ефективни казни, ќе придонесе кон намалување на корупцијата, ослободување на институциите од прекумерни предмети, кои чинат пари и време, и ќе помогне во јакнењето на свеста на граѓаните за почитувањето на правниот систем.

По 15 јули почнува обновата. СДСМ покажа дека може единствено повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Да ставиме крај на виткањето на грбот. Исправи се, Македонијо! Избери обнова!“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: