20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мисајловски: Се обврзуваме на повеќе средства во културата и уметноста

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2, денеска го посети Бутел и манастирот Св. Никола од каде што ги повика граѓаните да ги посетуваат убавините на Македонија, а исто така ги повика граѓаните на 15 јули да излезат и гласаат за број 14 и обновата на Македонија со што и се обврза на повеќе средства од буџетот за културата и културните наследства на Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=RpWFgVnEkKI

„Имам можност повторно да бидам тука, во Бутел, да разговарам со многу пријатели, со познаници, да го прошириме гласот за обнова на Македонија. Денеска сум исто така на убаво место, позади мене можете да го видите манастирот Св. Никола, место што секој треба да го посети, место за кое Министерството за култура, се разбира и државата треба да одвојат повеќе средства. Вакви убавини има не само во Бутел туку и насекаде во Македонија. Затоа е потребно да стигне обновата во Македонија, за да има обнова во културата, да има обнова во уметноста, а јас честопати велам да има и обнова на семејните вредности, на традицијата, на она исконското. Да не заборавиме од каде сме и каде припаѓаме и да не ги заборавиме овие прекрасни убавини што се не само позади мене туку и насекаде во Македонија“, нагласи Мисајловски.

Тој додаде дека во ек на пандемија, кога граѓаните не можат да излезат надвор од границите на Македонија, добро е да ги посетат убавите места низ Македонија и да ги зачуваат традицијата и културата.

„Во ова време на пандемија, кога народот, за жал, е оставен во границите на Македонија добро е да си ги посетиме овие убави места во Македонија, а во изборна единица два има многу такви прекрасни места. Затоа ги повикувам граѓаните да ја сакаат Македонија, да ги сакаат овие прекрасни места бидејќи набрзо ќе има многу проекти не само за Бутел, за Ѓорче Петров, не само за Куманово, не само за Чаир туку насекаде низ изборната единица 2 и низ Македонија“, истакна Мисајловски.