Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Караванот „Оствари го сонот“ во Желино, Стримница, Палатица, Шемшово и Копаница

Кандидатот за премиер Насер Зибери со караванот „Оствари го твојот сон“ го почна своето патување од општина Желино, потоа ги посети околните села, Шемшово, Копаница и Палатица.

Зибери оствари средба со граѓаните од овој регион со кои разговараше за потребите и идеите на жителите од оваа област, презентирајќи им ги своите ставови и планови за првите 100 дена.

Меѓу другото, Зибери ја истакна важноста на ова патување, откривајќи им ја на граѓаните идејата за прв премиер Албанец, што претставува силен симбол на еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите. Поради оваа причина очекуваме поддршка не само од албанските граѓани, туку и поддршка од Македонците и другите етнички заедници, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

ДЕСК

Мицкоски: Предлог законот за пушење е донесен врз консултации на сите засегнати страни, нема да има повластени, ќе се спроведува на целата територија на државата

ДЕСК

МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРВО: Осумнаесетгодишник тешко повреден во валандовско

ДЕСК