Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус.

Симулацијата ќе се одржи во 14 часот, во просториите на СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

В петок ќе почне комплетна дезифенција на сите избирачки места во државата, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. Најголем дел од избирачките места оваа година ќе бидат сместени во фискултурните сали, а мал дел во ходниците во училиштата.

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули, среда, а гласањето овој пат ќе трае до 21 часот, а не до 19 часот како досега.

Можеби ќе ве интересира

ЗНМ: Времето не смее да ја замени правдата за нападите врз новинарите

ДЕСК

НОЌЕН НАПАД ВО СЕМЕЕН ДОМ ВО ОХРИД – 44-годишен маж физички нападнат

ДЕСК

ПОЖАР ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ДЕБАР – Огнот избувнал на детскиот полигон, интервенирале пожарникарите

ДЕСК