Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев до Мицкоски: Ги пониживте и украдовте граѓаните, а ние поставуваме македонски знамиња пред НАТО и ЕУ

На телевизискиот предизборен дуел Зоран Заев уште еднаш јасно му посочи на Христијан Мицкоски дека македонскиот јазик е признат од цел свет и дека постои и затоа го повика да престане да ги лаже граѓаните.

„Комплетно е заштитен македонскиот јазик, напишани сме Македонци во ООН. Нема ни фуснота, ни придавка. Почитувани граѓани, Мицкоски сака да ги поништи договорите со Грција и Бугарија и да не врати назад. И Гоце Делчев ќе го решиме оти имаме мудра политика, го поставивме знамето пред НАТО, ќе го поставиме и пред ЕУ. Ние ја носиме Европа дома, другото носи гнев и уназадување на државата.“- му се обрати Заев на Мицкоски.

Потоа го потсети дека тој не знае да се радува на успесите на државата, дека нему повеќе му радосно кога државата е закочена, кога не напредува.

„Чуден човек сте, толку ги пониживте граѓаните, ги украдовте, им ја пониживте гордоста само за пари и моќ. Нам ни дојде цел свет дома да не испочитува. Кај и да одевме црвен килим ни послаа, дојде и папата да ни оддаде почит, ама вие не знаете да се радувате на успесите на вашата држава.“- Заев прозвучи како да му дели воспитна лекција на Мицкоски за да научи дека успесите на државата се успех на сите.

На крајот Заев му кажа на Мицкоски дека македонскиот оган е распламтен откако СДСМ е на власт. И уште еднаш му предочи дека сите лидери во регионот и во Европа зборуваат како постои македонскиот јазик.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК