Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола на сообраќајната полиција во Штип

На 03, 04, 05 и 06.07.2020, во периодот од 20.00 до 02.00 часот, од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Полициската станица од општа надлежност од СВР Штип спроведена е акциска контрола на мопеди и мотоцикли. Од извршената акциска контрола, откриени се вкупно 113 прекршоци, од кои: 17 без возачка дозвола – потврда, седум нерегистрирани, 46 за неносење заштитен шлем, седум без полиса за осигурување, две за неносење возачка дозвола и 33 останати прекршоци.

На сите сторители на прекршоците им се издадени прекршочни платни налози и записници за сторен сообраќаен прекршок. Привремено се одземени три мотоцикли без соодветна документација.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК