Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец го удрила струја додека ги спасувал овците кои паднале од патот

Вчера во 18,30 часот во СВР Скопје, 54- годишен маж од Скопје пријавил дека во селото Говрлево додека ги напасувал неговите овци забележал како три овци движејќи се покрај патот паднале. При обид да ги извлече се здобил со мал стурен удар без последици, при што пријавителот забележал бакарна гола жица закачена на бандера за струја во дворно место од викенд куќа сопственост на Т.Т.(58) од Скопје.

Од екипа од ЕВН било констатирано дека е извршена кражба на електрична енергија и дека голата бакарна жица била под напон од електрична енергија, по што електричната енергија била исклучена, а документирана кражба на електрична енергија. Увид на местото на настанот ќе изврши екипа од СВР Скопје во текот на денешниот ден.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК