Политиката тоа што го вети го испорача. Политиката е преку парламентот и преку Владата, законите се изготвени консултирани со европската делегација, усогласени со европското право, парламентот со целата мачнина на блокирање на сите овие процеси со нас кои што беа во овие две ипол години ги донесе законите, изјави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев во дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту било кој од политичарите ги бираат за претседатели на судски совет, на судови, на академии за судови или слично.Тоа е разликата помеѓу нашата перцепција за правосудството и на нашиот опонент, заради тоа што правосудните органи ослучуваат самостојно…“, посочува Заев
Во одговор на обвинувањата на Мицкоски за „Рекет“, лидерот на СДСМ вели дека сето тоа што се правело е за да се блокира законот за ЈО и заради случајот„Империја“.
– Заради пусти пари и сега веќе согледавме дека се работи за поткуп добро осмислен, организиран и поддржан од господинот Мицкоски да се спроведе преку Орце Камчев, Зоран Милевски, Катица Јанева, Боки 13 ка, се работело само за пусти пари, за финансирање на кампањата, за парите за партијата и за слично, вели експремиерот.
Според него, „единствените идеали на опозицијата остануват парите, власта, моќта и ништо друго“, ниту правна држава, ниту татковината.