14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митрески: На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите

„Денеска во изборната единица пет имавме средба со повеќе претставници на микро и макро бизниси, одблиску имавме можност да се запознаеме со нивните проблеми, предизвици и успеси. Посебно овој период на светска криза предизвикана од коронавирусот, поддршката која владата предводена од СДСМ ја даде за приватниот сектор е повеќе од добредојдена. Не дозволивме работниците да бидат отпуштени, а направивме многу за да ги одржиме стабилни македонските компании“, изјави Јован Митрески од коалицијата „Можеме“.

Според него, оваа поддршка им дава можност да ги задржат своите вработени, но и компаниите да опстанат на нозе.

„Денес се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себе. Денес имаме решенија за сите граѓани, решенија за иднината. ‘Можеме’ е чесен домаќински и одговорен пристап, препознаен, автентичен, македонски модел за напредок. Имаме понуда кој носи нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места. Платите во сите сектори ќе продолжат да растат.

До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа ќе биде плата повисока за дури 120% од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година.Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари. Покажавме дека знаеме, умееме и можеме да ги качуваме платите многу побрзо од опонентите. Во следните 4 години тоа ќе правиме уште повеќе и уште подобро. Стабилната и развојна економија ќе обезбеди пензиите да растат заедно со платите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%. На 15 јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивните буџети, а не во белиот дворец.На 15 јули граѓаните одбираат да продолжи растот на платите и пензиите, за доброто на сите нас“, додаде тој.

Спонзорирано: