9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силјаноска-Давкова: 40 oтсто застапеност на жени во политиката, 5 отсто од БДП за унапредување на образованието

Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјаноска Давкова од посетата на село Шишево во општина Сарај истакна дека ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ се залага за 40 проценти застапеност на жени во политиката по примерот на скандинавските земји.

„Ќе има 40 oтсто жени во политиката. Мислам дека е тоа нешто како во скандинавските земји ако можам да потсетам . Тоа не е отстапка туку тоа е свест дека има многу неискористено знаење ум креација , оти ќе се согласат мажите дека ние жените имаме потежок животен пат ама тоа не прави посилни и ако на тоа го додадете родителството , мајчинството тогаш и одговорноста е тука“, истакна Силјаноска-Давкова

Таа потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ е единствената партија која се грижи за македонските интереси и дека се повеќе луѓе го препознаваат ова и се приклучуваат кој јадрото на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“.

„Нема место во моето срце и мојот ум за Северна , тоа е невозможно. Кога сте се родиле во Македонија кога сте растеле во Македонија кога се сте постигнале се во животот во Македонија како може сега да умрете во Северна, а немало војна иста е територијата и се што било во мојот живот врзано за идентитетот било врзано за македонски јазик , македонска држава , македонско народно ослободителна војна и доаѓа еден момент кога се почесто луѓе особено оние надвор во дијаспората велат сите сме ВМРО“, појасни Силјаноска- Давкова.

На крај носителката на изборната единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјаноска – Давкова потенцираше дека младите се во главниот фокус на програмата на ВМРО ДПМНЕ каде има проекти за мотивација на најдобрите 500 студенти на кои ќе им се нуди сигурна работа и дополнително огромен број на иновативни проекти за вмрежување на младите луѓе за нивна идна соработка и надградба . Силјаноска – Давкова порача дека ВМРО -ДПМНЕ ќе издвојува и до 5 % од Бруто домашниот производ средства за унапредување на образованието.

„Најдобрите ученици оти гледам овде веќе и стасани млади луѓе, 500 најдобри секоја година ќе бидат повикувани од самите министерства од владата за да им биде понудена работа , за да не заминуваат како готов производ бесплатен надвор . Ќе направиме и систем една мрежа на сите кои се надвор и сите кои се овде во определена професија за да соработуваат. . За да може нашите иселеници надвор кои се подобри амбасадори од многу македонски амбасадори да имаат постојан контакт со земјата. Во образованието денеска има некаде околу 3,7 % од БДП , малку е тоа кога споредуваме со регионот. Нашата заложба е 5 % барем да се вложуваат. Денеска се вели дека науката е најважна дека кога ќе вложите во наука кога ќе инвестирате, инвестирате во иднината инвестирате во индустријата инвестирате во производството и тоа ќе ни се врати повеќекратно објасни Силјаноска – Давкова.

Спонзорирано: