Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за чичкото кој ги малтретирал внуците во Градски парк

Кривичниот суд му изрече мерка 30 денa притвор на чичкото кој ги малтретирал своите внуци во Градскиот парк. Како што претходно беше објавено, вчера во Градскиот парк во Скопје тој го врзал за дрво 10-годишниот внук, кој имал аутизам, а со прачка ја тепал неговата 10-годишна сестра.

Случајот бил пријавен од минувачи кои ги снимиле настанот, а Единицата за насилен криминал поднесе пријави до обвинителството за малтретирање и запуштање дете.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот 46-годишник едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност.

Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата.

Осомничениот е спроведен во Истражниот затвор во Шутка. ​

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК