13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меѓаши: Партиите ги злоупотребуваат децата во политичките кампањи

Деновиве сме сведоци на се поголеми злоупотреби и манипулации на деца и работи поврзани со деца во политичките кампањи, велат од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

До нив, од почетокот на ова политичка кампања пристигнале четири пријави и информации за прекршување на детските права или манипулација со деца. Од Детската мабсада велат дека се длабоко загрижени за политичката (не)култура и пораките кои им се испраќаат на децата преку начинот на водење на политичките кампањи и политичките спотови.

„За жал, според начините на водење на кампањите но и според досегашните искуства од неспроведените ветувања, политичките партии не успеваат или не сакаат да разберат што е најдобар или што е воопшто интерес на децата ниту пак успеваат да понудат надеж за подобра иднина на децата воопшто. Децата и понатаму се користат на најразлични начини за добивање политички поени“, се вели во соопштението на Меѓаши.

Како примери ги наведуваат спотовите за политичка кампања во кои се користат елементи од детскиот свет како читање бајки пред спиење.

Исто така, велат од Меѓаши, злоупотреба на малолетни деца кои делат промотивни материјали облечени во маички со симболи на политички партии е очигледна злоупотреба, а дополнително згрозува доколку имаме случај на смислен обид изведен од друга политичка партија за дискредитација на одредена партија.

И делењето директна помош за деца како дел од предизборно рекламирање, велат од Детската амбасада, е неприфатливо и треба да се смета за купување на гласови.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши апелира до сите медиуми да одбиваат емитување на платени политички пораки доколку во нив се врши злоупотреба на децата за политички и партиски цели.

Спонзорирано: