13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кој го донесе Мицкоски во забранета кафана за да стане топ тема на неодговорност?

Љупчо Андоновски, советникот на Чулев и екс директор на УБК, кој важи за близок до Мијалков и токму бил негов избор во 2015 за директор на УБК, денеска ни обелодени дека тој, лично барал да се отвори кафеаната ,,Чардак”.

Убајни..

Истиот Мијалков кој Мицкоски го исклучи од партија.
Стварно, се` е тоа убаво што партискиот кадар го бранел Мицкоски во денешново јунско жешко утро, но сепак остана да лебди во воздух прашањето – зошто од толку кафеани во градов и државава, човеков токму оваа ја избрал за средба, каде имено било забрането седење внатре!?

А, претходно на ,,Боемска” се знаеше дека Пазарна ,,ровари”, имаше редовни инспекции, поради пријавени неправилности – качување по маси.

Го носиш пријателот во епицентар на контроли на инспекции, во кафана каде не смее да се седи⁉️ Стварно, браво!

И потоа знаете што стана. Драма во пет чина, медиумска егзекуција на Мицкоски, пола полиција се потегна таму да ,,вади”, дојдоа ЕБРД, БЈБ, ги немаше снимките, ги бараа, ги најдоа во буре…
Мицкоски, не се чувствуваш малку повеќе глупаво после настанов? Извозен?

Пишува: Јорданка Ивановска – ЈОЦИ

Извор Револуционер.пресс

Спонзорирано: