Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Силување ја потресе Битола – осомничениот доби 30 дена привор

Битолското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против жител на битолско село, за сторено кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Битолчанецот се товари дека во претпладневните часови на 23 јуни, ги искористил блиските роднински врски со детето и стекнатата доверба и така извршил полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години. ​

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола поднесе предлог за определување притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат дека тој ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и дека постои опасност да го повтори кривичното дело.

Судијата го прифатил предлогот и определил притвор за осомничениот во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +