Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени четворица скопјани во Градскиот парк кои биле фатени со марихуана

Во текот на вчерашниот ден биле приведени пет лица од Скопје, од кои четворица во Градскиот парк, кај кои при проверка полицијата пронашла марихуана.

Како што јави МВР, синоќа во паркот биле приведени две девојки на возраст од 21 и 23 години, а во уште два одделни случаи приведни се 18 и 32-годишен скопјанец. Кај сите при преглед била пронајдена марихуана, а од полицијата велат дека по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Уште едно лице синоќа било приведено поради марихуана на кејот Димитар Влахов. Станува збор за 21-годишен скопјанец, против кој исто ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК