Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Касами: На државата и треба функционална влада и институции кои ќе им служат на граѓаните

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами на дебатна емисија емитувана на телевизија Клан Македонија, зборуваше за парламентарните избори во Северна Македонија. Касами истакна дека е потребно итно решение.

Според него, компромисот постигнат за одржување на изборите е добра волја, и покрај тоа што истите ќе се одвиваат во вонредни услови, бидејќи овој пат изборите ќе се одржат на 15 јули, во среда наместо во недела како што предвидува Изборниот законик.

Загрижувачко е зголемувањето на бројот на заразени, но загрижувачки е што државата нема функционална влада и функционални институции. Стабилната политичка влада може да биде во служба на граѓаните, како во поглед на здравството, така и од аспект на економијата.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК