17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Земјоделците кои ги загубиле или оштетиле картичките за зелена нафта, тоа да го пријават до 12 јуни

Сите земјоделци кои минатогодишните картички за т.н. зелена нафта ги оштетиле или загубиле, треба најдоцна до 12 јуни тоа да го пријават во подрачните единици на Министерството за земјделство, од каде лани им биле доделени, а со цел да им се изработат нови.

На овој начин, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ќе има увид на кои корисници чии картичките им се неупотребливи и навремено, преку економскиот опеаратор, ќе може да им изработи нови картички.

Нови картички ќе добијат и оние земјоделци кои за првпат оваа година се стекнале со право на користење на оваа мерка.

На оние земјоделци на кои картичките им се во ред, а се стекнале со право за користење на мерката, истите ќе им бидат надополнети со нови средства.

Годинава преку оваа мерка се покриваат 50% од производниот трошок кој е утврден согласно методологијата, а на сметките на околу 60.000 земјоделци ќе бидат вратени 280.000.000 денари.

Спонзорирано: