20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трајните дозволи за движење во полициски час важат и за овој продолжен викенд

Претходно издадените дозволи за движење за време на полициски час, кои се назначени како трајни, продолжуваат да важат и за време на продолжениот викенд, односно од 5 заклучно до 7 јуни, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

За останатите, продолжуваат да важат истите процедури за добивање на дозвола.

Во категорија на дозволи кои што ги издава МИОА се опфатени:

• Претставници на институции со одлука на Кризниот штаб на Влада на Република Северна Македонија
• Дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен
• Вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие
• Дежурни вработени во погребални претпријатија
• Одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
• Регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз
• Ловочувари во регистрирани здруженија, ЈП, национални паркови

Сите дозволи што ги обезбедува МИОА, се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk.

Оние кои имаат потреба за дзвола за нега на изнемоштено лице, кратко упатство за процедурите може да погледнат на видеото на следниов линк.