Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР: Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи за ден 05.06.2020 година ќе можат да ги реализираат во текот на целата наредна недела

Соопштение на МВР:
Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за движење на граѓаните од одредени општини во периодот од 04.06.2020 година од 21,00 часот заклучно со 08.06.2020 година до 05,00 часот, како и прогласувањето на 05. 06. 2020 година (петок) за неработен ден за сите граѓани, подрачните единици на Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи (управните служби) нема да бидат во можност да ги реализираат закажаните термини на граѓаните за аплицирање за лични документи.

Во таа насока Ве известуваме дека граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи за ден 05.06.2020 година ќе можат да ги реализираат во текот на целата наредна недела, односно од 08.06.2020 година до 12.06.2020 година во истата подрачна единицa, односно дисперзирана канцеларија и во истата базна станица во која е закажан терминот. Закажаните термини за деновите 06.06. и 07.06.2020 година за аплицирање за лични документи во Одделението за управни работи Скопје, ќе се реализираат во деновите 13.06. и 14.06.2020 година, а терминот и базната станица остануваат исти.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК