Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Со автомобил удрил во пешак и избегал

Осумдесетгодишна жена била тешко повредена откако во неа удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 16 часот на бул. Кузман Јосифоски-Питу во Скопје кога непознато патничко возило удрило во Ц.Б.(80) од Скопје, по што возачот избегал.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Б.. Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што била пренесена за укажување лекарска помош.

МВР работи на расчистување на случајот.