Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петров: Никој не е заборавен со третиот пакет мерки (видео)

„Третиот пакет на економски мерки од вредност од 355 милиони евра, подготвен од економскиот совет на СДСМ, опфаќа 730,000 корисници. Овој пакет ќе ја трансформира нашата економија и ќе ја направи поконкуретна. Со овој пакет ја зголемуваме приватната потрошувачка, стимулираме раст но и промоција и заштита на домашните производи и услуги. Преку овој пакет, ги заштитуваме работните места на нашите сограѓани и креираме нови работни места“, изјави денеска на прес-конференција Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Никој не е заборавен. Овој пакет ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица. Овој пакет ги опфаќа и сите сектори погодени од кризата, домашнитекомпании, извознитекомпании, услужнатадејност, земјоделството и туризмот“.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК