19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вучиќ: Изјавата на Пендаровски е обид да се додвори на Германија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека Северна Македонија направила сè за да ѝ се додвори на Германија како најмоќна сила во Европската Унија, пренесе „Б92“.

Вучиќ за ТВ „Прва“ рекол дека на инаугурацијата на Стево Пендаровски го замолил Македонија да не се изјаснува за Косово.

„Единствената работа за која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше: внимавајте, како Господ ве молам, гледајте за тие теми за Косово и Метохија да не зборувате“, рекол Вучиќ.

„Тие, секако, спротивно на мојата молба, го направија тоа за да се истакнат и да се умилкуваат на Германците“, рекол српскиот претседател.

Претходно српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, кажа дека Србија ќе одлучи како ќе ги реши проблемите на Косово и Метохија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша ниту некој ќе бара негово мислење.

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не му го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара мислење од него ниту му го прифаќа мислењето“, рекол Вулин.

Спонзорирано: