22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

Што би избрале девојките?

Koга би можеле да одберете, каков маж би избрале? Оној кој добро се бакнува, но е лош во кревет или обратно? А со каков попрво би спиеле – со прекрасно лице и лошо тело или со совршено навежбан примерок кој е се само не убав? Тешка одлука, нели? Ајде да видиме како се изјасниле другите жени. Според анкетите резултатите се интересни, занимливи, а некои можеби и шокантни. Еве добра можност и мажите да дознаат што жените сакаат во сексот, какви мажи ги палат и што би прифатиле:

 

Добро се бакнува, но лош е во кревет или обратно?

Лошите бакнежи жените некако и би ги простиле, но лошиот секс никако. Поради тоа, 65% од жените се изјасниле дека би одбрале маж кој е добар во креветот.

 

Да можете да изберете, дали би имале пола година средно квалитетен секс или една вечер незаборавен секс?

Бидејќи дури 70% од жените одговориле дека попрво би избрале една незаборавна вечер, време е мрзливите мажи да се замислат, бидејќи две третини од нив повеќе го ценат страствениот едновечерен секс, отколку рутинското вршење на работата.

 

Маж со голем пенис или “техничар”?

Лоша вест за оние кои се гордеат со својот “техничар”, бидејќи 57% од жените се изјасниле дека повеќе ценат бабачко.

 

Маж со лошо тело и убаво лице или обратно?

Дури 60% од жените се изјасниле дека попрво би избрале убав фраер со запуштен стомак отколку непривлечен, но со згодно тело.

 

Влакнест маж или маж без ниту едно влакно на телото?

Лоша вест за фраерите со влакнести грбови (и стомаци), дури 75% од жените би одбрале маж без ниту едно влакно на телото.

 

Влакнест грб или влакнест задник?

Хммм…што е полошо? Жените велат дека сепак некако би “проголтале” влакнест задник, отколку прашума на грбот.