Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев на Утрински брифинг: Упадот на полицијата на местото каде се подготвуваа хуманитарните пакети за граѓаните потсети на годините на режимот

Непријатно е млади деца, волонтерите организирани од општинските кризни штабови, кои ја сервисираат цела Македонија со прехранбени продукти, да се држат до сабајле со закани и уцени, и да влезат без налог во приватен простор е навистина непријатно, и потсети на годините на режимот, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг.

Семејството Заеви, сите ние поминавме низ тие режимски сценарија и верувам дека се свесни дека ваквите работи го потсетуваат народот на режимот и требаше веднаш да се осудат, но со самото тоа што продолжи како една голема хајка покажа дека доаѓа од партиската врхушка, реализирана по наредба на Чулев, а знаеме дека задачата ја дала партијата, посочи Заев.

Претседателот Заев истакна дека семејството Заеви ќе продолжи и понатаму со хуманитарната работа, илјадници пакети се донирани досега до најсиромашните, насекаде низ државата и помошта ќе продолжи и понатаму.

„Помогнавме на здравствениот систем, помогнавме и помагаме со хуманитарните пакети кои ги делат општинските кризни штабови. Многу граѓани, пред се од неформалниот сектор останаа без примања и треба да им се помогне“, заклучи Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

ДЕСК

СЛЕДУВААТ ТРИ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО МАЈ, ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ОДМАРАМЕ: Објавена е најновата листа на празници

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК