12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сугарески: Очајнички обид на ДПМНЕ да извалка една хуманитарна акција на семејството Заеви

Фејсбук статус на Горан Сугарески, министер за транспорт и врски:

Очајнички обид на ДПМНЕ да извалка една хуманитарна акција на семејството Заеви. Ова големо семејство има долгогодишна традиција на хуманост и донаторство. Нивните сограѓани, но и многу други низ државата се сведоци за нивната широчина. Тоа е хуманост од душа и не може да се одглуми!

Но, полека се одмотува клопчето!

Директивите од Будимпешта мора да се спроведат, мора да ce стори се за да се избега од изборите и од поразот што им следи. Ова е дел од сценариото. ДПМНЕ мора да остане во канџите на азилантот за да продолжи да го злоупотребува како личен имот.

А бре режимлии, не ви се виновни Заев и СДСМ што не ве сака народот!

Се нешто опструирате, блокирате, кочите, а на државата и без вас и тргна! Станавме 30-та членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, се справуваме со пандемијата и спроведуваме краткорочна, среднорочна и долгорочна економска стратегија согласно новите светски околности.

И ќе успееме и покрај сите ваши лоши намери! Уплавот од избори не може да се сокрие повеќе! Ја користам приликата за една порака до искрените опозициски членови и симпатизери. Не дозволувајте никогаш да ве ставаат во заблуда и да ве манипулираат и понатаму! Тие знаат дека немаат никакви шанси за успех на избори, кога и да се одржат! Тие не се ни борат за победа. Нивната наводна грижа за граѓаните е лажна! Никогаш повеќе нема да се повтори режим!

Спонзорирано: