Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка кај Мрзенци – Двајца починати

Двајца струмичани починаа денеска околу пладне во трагична сообраќајна несреќа.

Според првичните неофицијални информации, сообраќајната несреќа се случила во во 13,20 часот, на автопатот А1 во правец од с.Смоквица кон Гевгелија, кај с.Мрзенци, помеѓу два мотори.

Во несреќата животот го изгубија Ј.Ј (22) од с.Добрејци, Струмичко и А.Ѓ(35) од с.Робово, Струмичко.

Увид на лице место извршија увидна екипа од ОВР- Гевгелија и јавен обвинител.

По Наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Инстиутот за судска медицина Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +