Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вооружена драма во скопско – брат и сестра завршија во болница

Брат и сестра кои се здобиле со повреди по расправија и вооружена пресметка со скопјанец, завршиле во Градската општа болница, информира МВР.

-Вчера во 14:00 часот во Полициска станица Петровец, 39-годишниот Е.Л. од село Чифлик, скопско, кој бил повреден во ногата, пријавил дека во 13:45 часот на место викано „Шамак“, во атар на село Петровец, скопско, по претходна меѓусебна расправија, 19-годишниот Х.С. од село Петровец, со пиштол му пукал во ногата. Полициски службеници излегле на местото на настанот каде бил пронајден Х.С., со повреда на главата од тап предмет, кој изјавил дека бил нападнат од Е.Л., кој потоа сам си пукал во ногата. На Е.Л, Х.С. и неговата сестра Ф.С., за која не е познато како се здобила со повреди, им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК