Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Светлината на Велигден нека ни дава сила и верба

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

Во честитката претседателот Пендаровски истакна:

„Најискрено посакувам празникот на Христовото воскреснување да донесе мир, хармонија, радост и неизмерна љубов. Верувам дека празникот на светлината ќе ги отвори нашите срца и ќе ги зацврсти нашата вера и духовност, инспирирајќи нè на благородни дела.

Годинава, за жал, празникот ќе го дочекаме во поинаква атмосфера, обременети со заканата од Ковид-19 што налага и промена на нашите навики, однесување и дејствување. Затоа токму сега најмногу ни е потребна верба, храброст и доверба. А има ли поголема духовна поткрепа и надеж од Христовата победа над смртта, да истраеме и сплотени да излеземе како победници. Затоа светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата што ни претстојат.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +